ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

Од:

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

– Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост, вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во овој процес.

– Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион, наведува генералниот секретар на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски