Османи: Дебатата за ЕУ не смее да се претвори во фронт меѓу власта и опозицијата

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во попладневниот дел од собраниската расправа за Извештајот на ЕК порача дека дебатата за ЕУ не смее да се претвори во фронт меѓу власта и опозицијата.

Мора, рече Османи, да се постигне консензус како што постигнале сите држави во регионот пред пристапување во ЕУ, а проектот ЕУ да се подигне на надпартиско, надетничко, надполитичко и индивидуално ниво.

– Можеме критички да разговараме за одредени политики, но тоа не смее да биде мегдан за политичка борба. Годинава е историска по можностите што ги дава за членство во ЕУ и НАТО, истакна вицепремиерот.

Според координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, постои заедничка, консензуална желба Македонија да биде членка на ЕУ. – Овој извештај во основа ни е втора шанса, а чувствувам дека ни и е последна ако навистина сакаме да ја зачуваме Македонија. Првата шанса се прокоцка, а трета шанса не знам дали ќе имаме во скоро време. Да ја зграпчиме шансата што ни се пружа зашто Македонија веќе не може да чека, нагласи Тунтев, изразувајќи очекување дека опозицијата ќе биде конструктивно вклучена во сите процеси и оти ќе ја препознае сериозноста на моментот.

Тој потсети дека во неколку наврати од високи европски претставници и од домашната јавност беше нагласено дека Македонија се врати на вистинскиот пат, но и дека има капацитет и шанса да изгради демократски просперитетно и економски развиено општество.

– Македонија од држава со длабока политичка криза, стана држава во која постои јасна политичка волја за напредок. Ова е исклучително позитивен извештај, објективно го оценува трудот и напорите што Владата и парламентарното мнозинство ги вложија во изминатата година. Од друга страна опозоцијата покажа конструктивност во соработката со мнозинството во однос на клучните реформи за Македонија да се врати на вистинскиот европски пат, рече Тунтев.

Пратеничката Стаменковска Невенка од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше Владата дека нема ништо направено во правосудството и оти постои партизација на администрацијата.

Расправата за Извештајот на ЕК почна претпладнево, а ќе продолжи утре во 11 часот, откако беше прекината поради обврски на пратениците.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти