На 13 јуни пресуда за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села

Од:

Судот на 13 јуни ќе ја објави пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.

На денешното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото.

Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија продолува на 2 и 5 јули, за кога се закажани завршни зборови. За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

Застапникот на обвинението Дарко Јакимовски, во завршни зборови, кажа дека со оглед на признанието на вина Судот обвинетите да ги прогласи за виновни и казни за стореното дело.

– Казната за ова дело е од шест месеци до пет години, што отвора можност за алтернативна санкција. Сметам дека било какво алтернативно казанување ќе значи банализација на делото. Ако вака лесно се влегува во Собранието и се напаѓа, што станува со останатите заштитени објекти. Обвинетите биле свесни, без разлика на поводот, дека ја надминале дозволената граница, рече Јакимовски.

Нагласи дека обвинетите не одговараат само за напад врз Села, туку за целокупните дејствија во Собранието и прес центарот.

– Предлагам Судот да ги казни и испрати јасна порака дека санкциите се неминовни и строги. Само принципот на казнивост може да ги отстрани сомнежите за повторување на делото, рече Јакимовски.

Обвинетиот Цејо Георгиевски, во завршен збор, рече дека се покајува што влегол во Собранието и дека не сакал никого да повреди.

– Вакво нешто нема да се повтори во иднина, рече Георгиевски.

Обвинетиот Стојан Палевски, во завршен збор, рече дека имал време овие осум месеци во притвор да размисли што направил со неговото влегување во Собранието, без никаква намера да повреди никого.

– Никогаш и во ниеден момент не би го направил истото што го направив тогаш, рече Павлевски.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски