Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставници на УНИЦЕФ, УНДП и делегацијата на Европска Унија, денеска во 13.30 часот, ќе го посети новиот групен дом во Неготино, во кој ќе бидат сместени три деца со интелектуална попреченост, досега згрижени во Специјалниот завод Демир Капија.
Со тој чин повторно се интензивира процесот на деинституционализација, што вклучува развој на социјални услуги во заедницата.
Во иднина, грижата за децата и лицата со попреченост ќе биде достапна онаму каде што живеат, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции.
Предвидено е Царовска попладне да има средба со жителите на село Тимјаник.