Заев телефонски ќе разговара со Ципрас – Викендов постигнат напредок во преговорите

Од:

Денеска премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе се чујат телефонски за да разговараат за напредокот на преговарачкиот процес за спорот со името, дознава „Макфакс“ од високи дипломатски извори.

Станува збор за долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас за финализирање на договорот, кој се очекуваше да се случи пред десетина дена.

Како што дознава „Макфакс“, доцна викендов на советничко ниво, двете земји преку нивните советници разговарале за одредени отворени прашања и постигнале напредок. Македонската страна понудила „креативни решенија“ кои го штитат идентитетот и јазикот на државата. По разговорот на советниците, премиерот Заев, шефот на дипломатијата, Никола Димитров и советникот Дане Талески дополнително се консултирале за унифициран став за прашањата кои сè уште не се затворени.

Преговорите, велат нашите извори, не се во фаза „земи или остави“. Двете страни предлагале можни решенија за одредени спорни прашања и ја потврдиле посветеноста за постигнување договор.

И грчкиот весник „Катимерини“ потврди дека 95 отсто од преговорите се комплетирани и остануваат неколку важни детали пред да биде готов договорот. Доколку сè се одвива според планот, договорот треба да се најде во македонскиот парламент пред Самитот на ЕУ, а на референдум најверојатно во септември.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски