За реконструкција и одржување на јавното осветлување Куманово ќе одвои 23 милиони денари

Од:

Општина Куманово ќе одвои 23 милиони денари за програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување.

Овие средства главно се наменети за тековно одржување во функционална состојба, но и изградба на ново улично осветлување на сообраќајници каде што општината претходно ќе изврши реконструкција или изградба на сообраќајниците што се предвидени во програмата за комунално уредување.

– Во рамки на одржувањето на уличното осветлување претпријатието настојува да се заменат обичните со штедливи светилки.Но, за овој проект потребни се поголеми финансиски средства, така што проектот ќе се спроведува долгорочно, вели директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“, Трајче Трајковски.

Прецизна бројка за поставените светилки, надлежното претпријатие засега нема, се чека на изработка на софтверско решение со кое ќе се направи попис на постоечките светилки. Од посетоечкото улично осветлување десет проценти се штедливи светилки.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он