Папата Франциско, обраќајќи се пред директорите на најголемите нафтени компании, порача дека светот мора да премине на користење чисто гориво.
– На цивилизацијата и е потребна енергија, но нејзиното користење не смее да ја уништи цивилизацијата, рече Папата денеска на конференцијата во Ватикан.
Тој додаде дека климатските промени се предизвик од „епохални размери“ и дека е потребно да се пронајде енергетска комбинација со која светот ќе се бори против загадувањето, ќе ја елиминира сиромаштијата и ќе ја унапреди социјалната правда.