Европратеникот од демохристијанската група ЕПП, Едуард Кукан вели дека политичарите прво треба да ја подготват јавноста пред да го објават договорот за името, во кој најтешките делови не се името само по себе.
– Грешка беше да се биде толку оптимист. Мислам дека не е доволно политичарите да постигнат договор. Пред да го најават треба да го подготват народот за тоа. М мислам дека ја научија лекцијата последниот пат со Илинденска Македонија. Не верувам дека најтешкиот дел е името, туку како ќе стои во Уставот, јазикот, културата, сите тие работи. Можеби е техничко потешко, така што кога сите тие прашања ќе се решат, политичарите треба тоа позитивно да и го продадат на јавноста и само тогаш името ќе биде официјално објавено, изјави Кукан.