Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи напиша дека утре или во петок, двајцата премиери, Ципрас и Заев ќе се сретнат во Мала Преспа каде ќе потпишат Договор за промена на името.
– Од дипломатски извори: четврток или петок (оваа недела) ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на Договорот за смена на името Република Македонија.
Главен координатор на за овој настан и потпишувањето е Бојан Маричиќ, советник во кабинетот на премиерот, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.