А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионална школа за безбедност „Идентитет, миграција и новата безбедносна агенда на ЕУ“

by А1он06/06/2018 - 09:39174
Share0

Во Охрид денеска ќе биде отворена Регионална летна школа за безбедност на тема „Идентитет, миграција и новата безбедносна агенда на Европската унија“, во организација на Факултетот за безбедност Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер”, Вилфред Мартенс центарот за европски студии и Центарот за истражување и креирање политики, на која ќе учествуваат професори и студенти од Македонија, Грција, Бугарија и Србија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Повеќедневната школа покрај теориско-практичниот дел ќе има и показна симулативна вежба за прифат на мигранти што ја организираат Црвениот крст на Република Македонија и МВР.

Регионалната школа за безбедност ќе понуди предлози за размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу професорите, студентите и практичарите од Македонија, Грција и Бугарија, земји од регионот опфатени со миграциската криза. Воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти.

– Кризата со мигрантите откри недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската унија. Ова доведе до потреба од Регионалната школа за безбедност преку која ќе се подобри соработката, чекор до консултации меѓу земјите по должината на трасата и изградба на прагматична политика и оперативни мерки во Европа и Западен Балкан како понатаму да се справи со бегалците/мигрантската криза, велат организаторите.

Следете a1on на Youtube YouTube
migranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео