Кардиоторакални хирурзи од јавното и од приватното здравство формираа Здружение за кардиоторакална хирургија на Македонија.
Во иницијативниот одбор на Здружението се проф. д-р Горан Кондов, спец. д-р Омер Џемаили, спец. д-р Оливер Бушлетиќ, проф. д-р Зоран Спировски, проф. д-р Александар Николиќ, проф. д-р Андреја Арсовски, спец. д-р Владимир Емануловиќ Белостоцки, спец. д-р Елвис Мустафа, спец. д-р Петар Ристевски и спец.д-р Владимир Чадиковски.
За прв претседател на здружението е избран спец. д-р Владимир Чадиковски.
Целта на здружението, како што велат неговите основачи, е да овозможи подобар пристап и информираност на своите членови за сите новини во светот од областа на срцевите и торакални интервенции, промоција на истражувањата кои се од јавен интерес со цел да се афирмираат позитивните резултати кои ги дава оваа хируршка дејност. Здружението ќе обезбеди можности за континуирана медицнска едукаци на своите членови за да се унапредат и усовршат кардиохируршките интервенции во нашата држава. Се очекува во октомври годинава, новоформираното здружение на македонските кардиоторакали хирурзи да стане дел од Европското здружение за кардиоторкална хирургија.