ВИДЕО: Скелет на диносаурус продаден на аукција во Париз за над два милиона евра

Од:

Скелет на теропод, се уште недоволно проучен месојаден диносаурус, стар 150 милиони години, беше продаден за повеќе од два милиона евра на аукција одржана од аукциската куиќа Аѓут на Ајфеловата кула во Париз.

Скелетот е долг девет метри, висок 2,6 метри и е 70 отсто сочуван. Беше откриен во американската сојузна држава Вајоминг во 2013 година. Тогаш неговата цена беше проценета на 1,2 до 1,8 милиони евра. Скелетот е продаден за 1,58 милиони евра, а заедно со таксите за наддавањето се дојде до крајната цена од 2,02 милиони евра.

Купувачот е Французин, инаку колекционер на современа уметност. Тој првпат купува останки од диносаурус, и има намера истите да ги изложи во француски музеј.

Во април, исто така во париз, беа продадени два скелета на диносауруси – за над 1,4 милиони евра секој.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска