Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, веднаш по финалето во Лигата на шампионите на соиграчите им соопштил дека размислува да го напушти клубот.
Според шпанскиот весник „Марка“, играчите на Реал не биле изненадени од желбата на Роналдо, туку од периодот на соопштување, односно по освојувањето на титулата Шампиони на Европа.
„Марка“ наведува дека ни пред финалето Роналдо не ја криел желбата да ја смени средината, а на некои соиграчи им соопштил дека неговата ситуација во клубот станува се покомплицирана.
Управата на Реал знаела за ставот на Роналдо, но и покрај незадоволството првите луѓе во клубот останале мирни.
Весникот тврди дека поголемиот дел од неговите соиграчи сметаат дека Роналдо веќе го одиграл последниот натпревар во дресот на Реал.
Претходно се шпекулираше дека за Роналдо е заинтересиран ПСЖ, но и неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, особено поради неговата желба да соработува со тренерот Жозе Мурињо.
Пред неколку дена Реал Мадрид неочекувано го напушти тренерот Зинедин Зидан.