Единствена Македонија: Марионетската власт на Заев ја уништи цела Македонија за само 365 дена

Од:

„Марионетската власт во Скопје за една година владеење уништува се што е македонско – промена на името и идентитетот на македонскиот народ, јазичната федерализација како преодна етапа до територијална федерализација, рушење на споменици на македонски револуционери, гниење на уставобранителите во занданите на Шутка, масовно ослободување со политички одлуки на албански терористи и криминалци…

Економска пропаст, неказнивост, партизирани институции, заробено судство, криминал и корупција, јавен долг со преку 5 милијарди евра, а марионетската власт во Скопје го замајува народот со некакви палијативни мерки со укинувањето на радиодифузната такса, ефтина струја два часа секој ден, укинување на екстерното тестирање, зголемување на минималната плата од 10.000 на 12.000 денари иако не е јасно како може да се преживее со овие средства.

Марионетската влада на Зоран Заев ја уништи цела Македонија за само 365 дена. Република Македонија е држава во која се оди на полошо. Ова мора да запре.

Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници и ќе спроведе вистински промени, како на пример, укинувањето на приватното извршителство и негово враќање во судовите и враќање на парите од присилната наплата за сметки стари и по 10 години, враќање во мнозинска државна сопственост врз Телеком, Топлификација и Електродистрибуцијата чие работење има и социјална димензија за граѓаните, ревизија на лихварскиот банкарски систем кој немилосрдно го краде народот, минимална казна од 10 години затвор за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот, одземање на украденото во криминалната и посткриминалната приватизација во кои е извршен грабеж на повеќе од 10 милијарди евра во изминатите 27 години“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска