Иванов побара од Заев да му ја достави документацијата за преговорите

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска побара од премиерот Зоран Заев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

– Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Иванов останува на ставот дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.

– Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, се вели во соопштението.

Претседателот Иванов, додаваат од кабинетот, укажува на потребата од постигнување на национален консензус за надминување на разликата околу името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска