Преговорите со Северна Кореја во Њујорк беа многу позитивни, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и додаде дека делегацијата од Пјонгјанг утре ќе го посети Вашингтон и ќе му достави писмо испратено од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
– Се радувам на откривањето на содржината на писмото, изјави Трамп.
Тој наведе дека и се надева дека ќе се сретне со Ким на 12 јуни.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и високиот севернокорејски претставник Ким Јонг-чол синоќа во Њујорк разговараа за иднината на севернокорејската нуклеарна програма и можната средба мешу Трамп и Ким.
По средбата Помпео и Ким не дадоа изјави и не е познато дали е постигнат напредок во решавање на долгогодишните разлики меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Ким Јонг-чол е поранешен шеф на воената разузнавачка служба на Северна Кореја, а сега е потпретседател на Централниот комитет на владејачката партија задолжен за меѓукорејските односи.