ВИДЕО: Рускиот професор Леонид Савин ги обучува членовите на Единствена Македонија

Од:

Рускиот професор и гео-политички аналитичар Леонид Савин ги обучува кадрите на Единствена Македонија за доаѓањето на власт на партијата на наредните парламентарни избори. Обуката која траела три дена од понеделникот до денеска ја слушале педесет членови на Единствена Македонија кои, како што кажа претседателот на партијата, Јанко Бачев, биле одбрани по строги критериуми.

„Цврсто сме решени да расчистиме со сите предавници на Република Македонија вклучувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете партии во изминатите 27 години украдоа пет милијарди марки и пет милијарди евра“, рече Бачев.

Тој истакна дека откако неговата партија ќе дојде на власт ќе направи ревизија и конфискација на парите и имотот со кои се стекнале двете партии од осамостојувањето на Република Македонија.

Рускиот професор Леонид Савин истакна дека трет пат е во Македонија, овој пат повикан од страна на Единствена Македонија да одржи обука на членовите со цел да бидат подготвени и правилно да ги обавуваат функциите кои ќе ги добијат по доаѓањето на власт.

„Важно е да се овозможи, декодиран пристап на граѓаните со државната политика и институциите. Вакви обуки имаме во Србија, Либија и останати земји. Целта легитимната влада да ја задржи уставотворноста на државата. Нашата цел не е да се наметнеме туку да овозможиме поширок спектар на избор за граѓаните“, рече Савин.

Претседателот на Единствена Македонија, Бачев истакна дека обуката е финансирана од партијата и дека ниту еден странски фактор не стои зад партијата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска