Ѓоко Поповски се жали на притворот

Од:

Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски до Кривичниот Совет на Основниот суд Скопје 1 поднел жалба за притворот кој му го определи судот за предметот „Тенк“, со кој беше осуден на 9 години затвор.

Жалбата треба да ја разгледа советот и да донесе решение.

Тој е осуден на девет години затворска казна за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судијката рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР кои всушност се пари на даночните обврзници.

Поповски претходно се изјасни дека не е виновен и дека очекува оослободителна пресуда. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатката на Јанкулоска: Спроведувањето во затвор е незаконско, таа не можеше да бара одлагање на казната

Кристијан Ландов

Полицијата во станот на Јанкулоска, ќе ја спроведуваат во затвор

Кристијан Ландов

Врховен суд уште не го доставил предметот ,,Тенк” до кривичен, Арслани апелира на трпение

Ана Ололовска

МВР реагира на тврдењата на Јанкулоска дека е под опсада: Преземаме стандардни мерки

Ана Ололовска

Јанкулоска: Нема потреба од опсада на зградата во која живеам, ни на крај памет не ми паѓа да бегам

Кристијан Ландов