Милошоски: Советникот на Заев заедно со Ципрас го договорија името

Од:

„Според упатени дипломатски извори грчко-македонските преговори на 25ти Мај во Њујорк влегле во ќорсокак. Министерот Димитров најпрвин долго се обидувал да го убеди Коѕијас дека Republic of Ilinden Macedonia е единствениот достоинствен предлог за кој и тој лично е подготвен да лобира за ерга омнес и менување на Уставот, а со силна кампања истото да добие и поддршка од мнозинството граѓани на референдум. И посредникот Нимиц имал симпатии за овој предлог. Но Коѕијас не попуштил, аргументирајќи дека во Грција опозицијата е изрично против овој предлог.

Откако напорите на Димитров за Republic of Ilinden Macedonia пропаднале тој кажал дека за секоја од другите одредници, Северна, Горна или Вардарска, Македонија ја застапува двојната формула, без согласност за ерга омнес и без измена на Уставот. Грчката делегација ова го оценила како националистичка тврдоглавост и кажала дека со таков став преговорите губат смисла. За да не пропаднат преговорите, Нимиц дал пауза за консултации со Премиерите.

Но, бидејќи Грците го претпоставувале ставот на Димитров, еден ден порано веќе стапиле во контакт со еден близок советник на Заев, контраверзна политичка фигура, агент на една НАТО држава, близок пријател на Вице и Трајче Заеви, а за кој се говори дека има свој посед и бизнис во Грција, како и дека е близок со Ципрас и неколку негови битни соработници. Согласно инструкциите дадени од советниците на Ципрас, советникот агент навреме го подготвил Заев дека министерот Димитров ризикува со тврдоглавост да ги упропасти преговорите, посебно за изборот на новото име и за барањето за смена на Уставот. Главната поента на советникот била дека принципите на Димитров како министер не се поважни од кариерата на Заев како премиер. Но Заев бил потсетен дека за него и советникот и некои други битни странци знаат работи што не би било добро да ги дознае и јавноста.

Затоа во телефонскиот разговор Димитров – Заев на 25ти Мај, на министерот му било наложено да го одработи делот од договорот со Грција за чекорите за неговата примена, за тајмингот на изјавите од Грција до ЕУ и НАТО, за јазикот, а делот за новото име, за ерга омнес и за менувањето на Уставот да му го остави на Премиерот Заев. Така министерот за надворешни е буквално бајпасиран од советникот на Заев во однос на дијалогот за трите најбитни грчки барања:
– ново име со одредница по Грчка желба,
– ерга омнес и
– беспоговорна смена на Уставот.

Дипломатските извори укажуваат на тоа дека за овие три битни прашања главен преговарач, со овластување од Заев, е неговиот советник, кој заедно со советниците од кабинетот на Ципрас треба да одлучи дали државата од која зема советничка плата ќе се вика Северна, Вардарска или Горна Македонија и кога и како ќе превземе обврска да си го самоизмени Уставот во мирнодопски услови.

Вчера (29.Мај) преку овој советник и агент одела и организацијата на тел.разговор Заев – Ципрас во кој првиот имал обврска да одбере меѓу Нова, Горна и Северна Македонија, а за националност јасно му било ставено до знаење дека не може да биде Nationality: Macedonian, како што е сега запишано во Обединетите Нации.

Лошата вест е што ова е многу големо понижување за Македонија.

Случајно или намерно истото е и деградирање на Министерот Димитров, кој пред неколку дена даде изјава дека доколку не помине пакетот со Republic of Ilinden Macedonia тој ќе си поднесе оставка“, напиша Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски