ВИДЕО: Пола Беса власт – пола опозиција, Џафери бара до петок да се изјаснат

Од:

Движењето Беса да се изјасни дали ќе делува како власт или опозиција во Собранието, повика претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи не може дел од пратеничката група да делува како опозиција, а другиот дел да функционира во рамки на парламентарно мнозинство.

-За сега формално тие се една пратеничка група. Но од петок со изборот на новата Влада ќе мора да го дефинираат својот статус затоа што не може дел од нив да бидат во Владата а другите да бидат спротивни на нив. Со тоа нема да можат да ги уживаат привелегиите како пратеничка група, рече Џафери на брифингот со новинарите.

Од крилото на Билал Касами, велат дека Движењето Беса од претходно се изјаснило дека е во опозиција и јасно дале до знаење дека преговорите за влез во Владата се прекинати. Двајцата нивни пратеници остануваат на тој став и велат дека секој кој мисли поинаку ќе треба посебно да се изјасни.

-Во однос на парламенатрната група, таа технички формално се уште функционира. Ние двајца пратеници сме дел од структурите на партијата и делуваме во склоп на тие политики , а тројцата колеги нека се изјаснат индивидуално како ќе делуваат, изјави пратеникот Фадил Зендели.

Неофицијално, двајцата пратеници на Беса кои стојат зад Касами нема да ги поддржат предлозите за нови министри. Седницата е закажана за в петок и до полноќ треба да заврши изборот на новите членови во Владата, но спикерот Џафери не ја исклучува можноста за втората точка, односно за изборот на заменик-министрите да се дискутира и во сабота.

-Сѐ зависи од самите пратеници и текот на работата. Предложив поради рамазанските пости да имаме пауза од 19 до 21 часот за оние кои постат да можат да одат на ифтар. По 21 часот да преминеме на втората точка, но ако не завршиме, ќе продолжиме во сабота“, рече Џафери.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски