Бесплатни прегледи во болницата во Куманово во рамки на кампањата „Еуромеланома 2018“

Од:

Петнаесетина пациенти од Куманово, денеска извршиле бесплатен преглед во дерматолошката амбуланта во Општата болница Куманово, во рамки на европската кампања „Еуромеланома 2018 “, информираше началничката на одделението за кожни болести, Виолета Кузмановска.

Наредните два дена сите кои се заинатресирани можат да извршат бесплатен преглед во амбулантата во болницата, но и во приватните амбуланти и пациентите, анонимно да пополнат образец. Кампањата се реализира во мај и трае три дена. Во последниве години во Куманово има пораст на карцином на кожата, што е и случај и во Македонија и во светски рамки.

– Ова се превентивни прегледи за да се направи збирна статистика на ниво на Европа и во акцијата е вклучена и Македонија. Имаме добар одѕив, што е за поздравување, бидејќи со тоа се покажува дека свеста кај пациентите е на завидно ниво, изјави Кузмановска.

Овие прегледи се однесуваат на промените на бемките.

– Сите оние кои забележуваат дека се менува бојата, формата, доколку бемката има асиметрични линии, лушпеста е при допир, има чувство на јадеж, крвавење или секреција, бисерен изглед треба да се јават на лекар што е можно побрзо, затоа што полесно се лекува или хирушки се отстранува. Пациентот не треба да чека или да се лекува со народни лекови, вели Кузмановска.

Најмладиот пациент во Куманово со рак на кожа е на 13-годишна возраст, а највозрасниот е на 94 години.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување