Фаворитот во вториот круг од изборите за претседател на Чешка, социјалдемократот Милош Земан изјави дека ако биде избран за шеф на државата, нема да дозволи државата да испрати амбасадор во Приштина.
– Би го повлекол дури и вршителот на работите кој е таму, а не да испраќам амбасадор. Сметам дека Косово е терористички режим кој се финансира од нарко-мафија, објави Данас повикувајќи се на чешки медиуми.
Чешка ја призна независноста на Косово во мај 2008 година.