Како ќе се смени името: Милошоски објави план во 10. точки

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави план од 10 точки, за кои вели дека се чекорите договорени од министрите Коѕијас и Димитров, а ќе ги спроведат премиерите Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија.

„Рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија:
1. Дефинирање на новото име во наредните денови преку канал за комуникација помеѓу Заев и Ципрас
2. Потпишувањето на договорот за промена на името од страна на Ципрас и Заев на состанокот во Преспа, почетокот на јуни.
3. Договорот за промена на името оди до Парламентот во Скопје, кој ќе го одобри 61 пратеник со просто мнозинство.
4. Грција ќе испрати писмо до НАТО за да каже “да” за пристапувањето на Скопје под услов (т.е. членство само по уставната промена)
5. Грција ќе испрати писмо до ЕУ со кое ќе ги поддржува разговорите за пристап во Скопје, под услов промената на Уставот да се во период од 12 месеци
6. На 28 јуни, Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да добие датум за почеток на пристапните преговори.
6-а. На 11 и 12 јули Скопје ќе добие официјална покана за НАТО.
7. Референдум ќе се одржи во Скопје во октомври. Заев сака исход што ќе покаже дека мнозинството од неговите граѓани го прифаќаат рамковниот договор за промена на името.
8. Врз основа на очекуваното силно одобрување на референдумот од страна на социјалдемократите и албанските гласачи, Заев ќе побара од Парламентот, вклучително и опозициските партии, да поддржат со двотретинско мнозинство уставни измени на името. Ако некои пратеници артикулираат силно противење на промената на името, Специјалното обвинителство и другите владини институции ќе вршат соодветен притисок.
9. Договорот за промена на името на Скопје ќе дојде во грчкиот парламент за гласање, а потоа и во други земји ќе започне процесот на ратификација за членство во НАТО.
10. Земјите на ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име на Скопје“, напиша Милошоски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски