Новата судска зграда на кривичниот суд во Скопје, која беше пуштена свечено на денот на правосудството, два месеца подоцна не може да биде целосно ставена во функција. „Има повеќе причини за тоа“, рече претседателот на судот, Иван Џолев, на брифингот со новинарите. Една од причините е неможноста судот да ја пронајде фирмата која ги сервисира противпожарните апарати.
Првиот човек на судот рече дека во некои од вецеата паѓа малтер, а во цевките за вецеата има бетон и затоа санитарните јазли не се целосно функционални. Неодамна во штекерите на зградата немаше доток на струја, па новинарите се снаоѓаа да ги наполнат мобилните телефони.
Во употреба засега е само најголемата судница каде што се судат предметите на специјалното јавно обвинителство, како и уште една која се наоѓа на вториот кат од судската зграда. Минатата седмица грѓаните на социјалните мрежи се шегуваа со терасата на кривичниот суд за која нема предвидено излез.
Васко Маглешов