Најрано во јуни може да биде закажано судењето за крвавиот четврток

Од:

Изминатата среда е примен последниот приговор од адвокатот на обвинетиот Никола Митровски Кољо за обвинението за крвавиот четврток, соопшти претседателот на Кривичниот суд во Скопје Иван Џолев на брифинг со новинарите.

Судијата Осман Шабани треба во рок од 8 дена да закаже седница за оценка на обвинението кое го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако ќе помине оценката на обвинението според роковиите определни во Законот за кривична постапка, судот треба да го закаже првото рочиштe.

Според сегашната динамика, тоа значи дека судењето може да се очекува да почне најрано на почетокот на јуни.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски