Димитров за АНА-МПА: Преговорите се во крајната фаза

Од:

Проценка дека преговорите се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел.

Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера имал „добра средба“ со неговиот грчки колега.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на македонската дипломатија во изјавата рекол дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји и оценил дека во текот на неделава се очекува телефонски разговор на двајцата премиери.

– Во врска со средбата што денес ја имаше со министрите за надворешни работи на ЕУ, Димитров рече дека ги информирал за текот на преговорите, за напорите што се прават на билатерално ниво за изнаоѓање решение во прашањето за името, како и за тоа колку би било важно решавањето на ова прашање за целиот регион на Балканот, објави грчката новинска агенција, пренесувајќи ги ставовите на шефот на македонската дипломатија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани