Димитров во дипломатска офанзива во Брисел

Од:

Појадокот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со неговите колеги од Европската Унија ќе биде прилика за македонската страна да побара од ЕУ „стратешки“ да размислува кога станува збор за стартот на преговори со Македонија, велат дипломатски извори во Брисел.

Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија (сегашното и следното претседателство на ЕУ) ќе се одржи в понеделник, во хотел блиску до европските институции, еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи, дознава МИА.

Димитров ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив да го “препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“, брифираат добро упатени дипломатски извори во Брисел. Од ЕУ Македонија очекува “стратешко размислување“, што значи дека доколку постигне компромис за спорот со името, на земјата треба да и се даде “ветер во грб“ и охрабрување на јунскиот Самит, во облик на јасен сигнал за старт на преговори.

Македонија и нејзините поддржувачи во ЕУ се решени да ги убедат скептичните земји дека доколку се постигне комппромис за спорот со името, мора Македонија да добие нешто конкретно за возврат, дали тоа ќе биде веќе прецизен датум за преговори на јунскиот самит или друга заложба, но со јасна временска рамка за почетокот на преговорите.

Аргументацијата на македонската страна и нејзините поддржувачи е дека е важно да се има предвид политичката криза од која излезе Македонија како и начинот на кој затвора децениски проблеми со соседите и дека тоа треба да биде наградено, не само поради Македонија, туку и како знак кон целиот регион на Западниот Балкан, велат изворите на МИА.

Овие пораки ќе им бидат пред сѐ упатени на земјите кои се скептични кон проширувањето како што се Франција и Холандија.

За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој.

Димитров, кој по Њујорк веднаш отпатува за Брисел, попладнево имаше тет-е-тет средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски