Постои нов предлог на преговарачката маса помеѓу Скопје и Атина, пишува грчкиот весник „Катимерини“, навестувајќи дека новото име ќе биде поврзано со Крушево.
Според „Катимерини“, македонската Влада ги одбила предлозите „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ како „ерга омнес“, кои беа предложени од медијаторот, Метју Нимиц.
Весникот пишува дека двете страни треба да направат дипломатски спринт до самитот на Европскиот совет на 28-ми јуни, а дотогаш меѓународната заедница ќе врши притисок за решавање на спорот за името во разумен временски рок.
Двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Грција утре ќе присуствуваат во Брисел, од каде Коѕијас ќе отпатува за Берлин.