Димитров попладнево ќе се сретне со Могерини

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна попладнево во Брисел ќе оствари билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини. Засега не се открива точното време на средбата, ниту содржината на разговорите.

Утре наутро, Могерини најверојатно треба да ги брифира министрите на ЕУ за текот на преговорите за спорот со името.

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија од Њујорк допатуваа во Брисел, но не се откриваат детали за нивна можна средба.

Димитров пред утрешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе учествува на неформален појадок организиран од сегашното бугарско претседателство и идното, австриско. Како што информираат од Советот, тоа ќе биде прилика за министрите да го испрашуваат шефот на македонската дипломатија за текот на преговорите за името.

Би можело да ве интересира

Могерини и Санино се пуштени на слобода по сослушувањето за наводни неправилности во ЕУ проект

Горан Наумовски

Покрај Федерика Могерини, уапсен е и Стефано Санино како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска