А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Патот Приштина-Скопје се пушта во сообраќај за пет дена

by А1он26/05/2018 - 14:50122
Share0

Најдоцна за пет дена, односно пред 1 јуни, ќе биде пуштен во сообраќај патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ, а набргу потоа ќе се отвори уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заменик министерот за инфраструктура на Косово Реџеп Кадриу, во интервју за телевизијата КТВ, изјави дека на реконструкцијата на магистралниот пат Качаник-Генерал Јанковиќ се работи интензивно во две смени, додека многу бргу се очекува и пуштање во сообраќај на делницата Урошевац-Качаник од автопатот „Арбен Џафери“.

– Во јуни ќе го отвориме автопатот до Качаник, но не можам да ви кажам дали тоа ќе биде на 1. јуни, бидејќи датумот треба да го одредиме заедно со премиерот (Рамуш) Харадинај, изјави Кадриу.

Тој додаде дека работите на изградбата на автопатот до границата со Македонија ќе завршат пред крајот на годинава.

Следете a1on на Youtube YouTube

Магистралниот пат меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ беше затворен на 8. мај, со цел да се расчистат местата на кои често има одрони.

kosovo

Би можело да ве интересира

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Османи веќе не е претседателка на Косово

Горан Наумовски04/04/2026 - 18:2206/04/2026 - 15:12

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он22/03/2026 - 11:06

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски06/03/2026 - 09:2806/03/2026 - 09:31

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:13

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 20:4713/02/2026 - 22:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто