Професори и ученици од кумановската гимназија се вратија од посета на гимназијата од Санкт Петербург

Од:

Група професори и ученици од кумановската гиманзија „Гоце Делчев“ се вратија од двонеделна посета на руската гимназија број 13 од Санкт Петербург. Учениците и професорите разменија искуства за начинот на одвивање на образовниот процес, присуствуваа на семинари, едукации, работилници.

Една од целите за долгогодишната соработка помеѓу двете гимназии е запознавање на традицијата, културата, историјата на двата народи.

– Образовниот процес во двете гимназии е доста различен, но тоа е предност на оваа соработка. Една од целите на соработката е да го популаризираме изучувањето на рускиот јазик во нашата гимназија, но и во останатите училишта, објасни професорката по руски јазик Билјана Коцевска.

Соработката и взаемните посети помеѓу двете гиманзии кои се реализираат на годишно ниво, се еден од проектите кој предизивикува голем интерес кај учениците и професорите од двете гимназии.

Соработката помеѓу кумановската гимназија и училиштето од Санкт Петербург започна во 2009 година. Според податоците на рускиот јазик, кој има богата културна и научна традиција, зборуваат повеќе од 400 милиони луѓе во светот. Тој има официјален статус во шест држави и 19 меѓународни организации, а е еден од двата официјални јазици на Меѓународната вселенска станица. На рускиот јазик е напишана најголемата светска уметничка и стручна литература и е на четврто место на најпреведувани јазици во светот.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра