Создадено лековито вино?

Од:

За користа на црното вино за здравјето долго се расправа, но австралиски биохемичар верува дека создал капка толку богата со антиоксиданси, што би можела да лечи повеќе болести.

Научникот Грег Џардин од Бризбејн вели дека патентирал збир состојки создадени во текот на производството на вино кои според него делуваат противвоспалително и би можеле да се борат против низа состојби како артритис и хроничен замор.

Претходните истражувња веќе сугерираа дека внесување на помали количини црно вино може да помогне мажите подолго да живеат и може да штити од болести на срцето.

Џардин верува дека создал вкусен пијалок кој би можел да има впечатливи ефекти на подобрување на здравјето.

– Ние го донесовме антиоксидансот, кој постои во мали количини во виното, до ниво на кое може нешто и да се направи, рече Џардин.

Тој вели дека збогатувањето на виното со антиоксиданси го направило тој пијалот не толку вкусен за пиење, поради преголемата количина на танин, но откако антиоксидансите станале топливи во мастите и полесно се апсорбирале во телото и самото вино станало повкусно.

Неговото вино е создадено со нормална постапка на производство на вино, но преземени се чекори да се „зајакнат“ некои делови на постапката. „Технологијата на модифицирање на полифенолите“ може да се користи и кај производството на друг вид пијалоци или храна, додава Џардин.

Фармакологот Линзи Браун кој ги испитал состојките на Жардине на универзитетот Јужен Квинсленд, вели дека имаат позитивен ефект на здравјето на глувците заболени од артритис. – Во целост спречуваат воспаление, отекување и крутост на зглобовите, вели Браун, но додава дека постојат потенцијални проблеми околу идејата за земање на виното во медицински цели.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека штетното конзумирање на алкохол резултира со 2,5 милиони смртни случаи секоја година и претставува трет најголем ризик за прерана смрт, инвалидитет и губење на здравјето во светот.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски