Граѓаните да не фрлаат смет на градските гробишта апелираат од ЈП „Чистота и зеленило“

Од:

Во пресрет на празникот задушница, кумановското Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ апелира до граѓаните деновиве да исчистат непосредно околу гробните места на блиските. Собраниот смет, лисја и гранки граѓаните ќе треба да ги остават на предвидените локации за депонирање смет на градските гробишта.

– Голем број граѓани ги посетуваат градските гробишта по повод празникот. Апелираме да не оставаат смет, пластика и друг отпад на гробните места, туку да ги депонираат во контејнерите, изјави Благица Јовановска од „Чистота и Зеленило“.

Екипите на претпријатието ќе поминат веќе наредниот ден за да исчистат на јавните површини, односно главните улици на православните градски гробишта во Куманово.

Со оглед на фактот дека голем број граѓани ги посетуваат градските гробишта во петок, сообраќајната полиција од СВР Куманово ќе има редовни патроли на улицата „Народна револуција“ кои ќе вршат наизменично пропуштање на возилата со цел тековно и непречено одвивање на сообраќајот, информираа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он