ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски по завршување на лидерската средба каде премиерот Зоран Заев го презентираше новиот предлог за решение на името „Република Илинденска Македонија“.
– Целиот процес се водеше тајно, загрозувани беа националните интереси на државата, целта е јасна, влез во ЕУ и НАТО, но траекторијата е различна. ВМРО нема да поддржи промена на Устав, рече Мицкоски, додавајќи дека предлогот ќе биде презентиран пред партиските органи по што ќе излезат со повеќе детали.
Виктор Јованов