Семејството на првата медицинска сестра во земјава, Славјанка Влахчева, која е родена во Штип ги подари нејзините лични предмети на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип. Донирани се ордени, прзинанија и пофалници.
– Ги подарувам сите наследени нејзини признанија, ордени и пофалници, благодарение на нејзината работа како прва медицинска сестра во Македонија, вели Босилка Шемова-Герасимова, снаа на Славјанка Влахчева.
Првата медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева е родена 1905 година во Штип. Завршила училиште за медицински сестри во Белград и се вратила во родниот град. Нејзината мисија ја започнува со отварање на првата медицинска школа во Скопје, а основач е на медицинската школа за акушерки во Штип.