Најмалку 13 лица загинаа ноќеска во пожарот кој избувна во знак на револт во затворот Санлиурфа во југоисточниот дел на Турција.
Пожарот избил во ќелија со 18 затвореници кои ги запалиле своите ќебињата и креветите.
13 -те затвореници се задушуле од чадот, а 5 се хоспитализирани.
Пожарот е локализиран, пред да се прошири по другите ќелии.
Во овој затвори во моментот има околу 1.000 затвореници, меќу кои е и еден претставник на прокурдска партија за мир и демократија, сместен во делот за политички затвоерници.
Поводот за протест биле тешки услови за живот во ќелиите.