Шесте прилепски музеи ќе се отворат во „Ноќта на музеите“

Од:

Прилепскиот музеј за посетителите бесплатно ќе ги отвори вратите на шесте музеи во градот утрвечер во„Ноќта на музеите“ од 19 часот па се до 1 часот по полноќ вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден на музеите – 18 мај, вели директорот на „Завод и музеј Прилеп“, Благоја Атанасоски.

Според Атанасоски Прилеп поседува непроценливо културно богатство кое треба да и се доближи на јавноста, а посетеноста да се зголеми.

– Ги отовораме бесплатно за посетителите шесте прилепски музеи: музејот „11 Октомври“, Галеријата на икони, Спомен-куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Археолошката поставка во Музејот, Музејот за тутун и Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово. За жал, посетеноста последниве години не е на вистинско ниво и мора интензивно да се работи на тоа. Меѓу другото, покренуваме разговори со Министерството за образование посетата на музеите да влезе во програмата на сите училишта во земјава, а не како досега парцијално. Веќе две години спроведуваме проект „Музеите во училиштата – училиштата во музеите“, вели Атанасоски.

Приелпскиот музеј сака да го премести Музејот за тутун од досегашните простории во Институтот за старословенска култура кој е надвород градот, во центаралното градско подрачје за да биде подостапен за посетителите.

– Музејот за тутун е еден од најпосетуваните од домашните и странски гости и туристи и со преместувањето во централното градско подрачје да биде уште попосетуван. Освен тоа ќе мора да се препокрива спомен куќата на Блаже Конески, тендерот е распишан, зашто покривот протекува и е опасност за внатрешната поставка, рече Атанасоски.

Прилепскиот Завод и музеј работи на повеќе проекти меѓу кои најзначајни се и со повеќегодишен ангажман манастирот Трескавец како и споменикот „Илинден“ во Крушево каде ќе се рраскине договорот со досегашниот изведувач кој е неквалитетен.

– Се планира конаците на манастирот Трескавец комплетно да бидат обновени до март наредната година, а изведувачот најавува и порано, да бидат завршени, до крајот на годинава. Во фаза се формирањето комисии за заштита на црквата „Успение на пресвета Богородица“, на трпезаријата и магерницата. Во фаза е на проектот за заштита на споменикот „Илинден“ во Крушево. Таму ќе биде раскинат договорот со изведувачот зашто неквалитетно работи и ги проби роковите од договорот. Ќе продолжат истражувањата на античкиот локалитет „Стибера“, во тек е повеќегодишниот проект на евиденција на иконите во црквите во Прилепско, потоа на третата фазаконзервацијата на фрескоживописот во црквата во селото Зрзе, конзервација на фрескоживописот во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во селото Мелница, Мариово, вели директорот на приелпскиот „Завод и музеј“ Благоја Атанасоски.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска