Унапредена содржината на Правилникот за исхрана во основните училишта

Од:

Министерството за образование и наука информира дека во рамки на проектот за подобрување на исхраната на децата во предучилишните установи и основните училишта, кој се реализира во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ, унапредена е содржината на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта.

Изготвено е Упатство за негова правилна примена, а дополнително е креирана и електронска алатка која овозможува проверка на квалитетот на оброците наменети за најмладите.

Наведените прописи и е-алатката се наменети за раководствата и одговорните лица во основните училишта, во насока на соодветно планирање на исхраната која има особено големо значење за правилниот психофизички раст и развој на децата. Тие се достапни на линкот:

– Апелираме да се почитуваат и правилно да се применуваат прописите кои ги утврдуваат референтните вредности за енергетски и нутритивен внес, даваат препораки за видовите намирници и јадења, за начините на подготовка, препораки за број и распоред на оброци и препораки за храна која треба да се избегнува или поретко да се консумира, бидејќи тоа е единствениот начин да се превенира појавата на потхранетост, дефицит на микронутриенти, угоеност и други хронични заболувања поврзани со исхраната на децата, соопшти МОН.

Министерството очекува дека органите за контрола на примената на правото во пракса, во рамки на редовните надзори и контроли, ќе изготвуваат исклучиво позитивни извештаи, во кои ќе нема пропусти или констатираните ќе бидат минимални.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски