(ВИДЕО) Заев: Решението кое го најдовме со Ципрас е целосно, а не парцијално

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека можното решение за името е целосно, во сите сегменти, а не парцијално, во одделни. Но, сепак, во двете земји следуваат консултации за начинот на спроведување на решението.

– Доколку не се најде решение за името, тоа нема да значи дестабилизација во земјата, како што се шпекулира во јавноста. Довербата меѓу Грција и Македонија е изградена и продолжува јакнењето на пријателството, рече Заев.

Премиерот Заев ѝ се заблагодари на премиерката Тереза Меј за поддршката која Велика Британија ја дава за интегрирањето на Македонија во ЕУ и се надева дека 25 годишното пријателство ќе продолжи и понатаму.

– Со случајот Скрипал, потврдивме дека сме добри партнери со Велика Британија и се надеваме дека таквиот однос ќе продолжи. И затоа, овозможете ни ја интеграцијата во ЕУ, ја заслуживме, ѝ рече Заев на Меј.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија