Поставени рефлектори на фудбалското игралиште во Старо Чајле

Од:

Спортскиот терен во гостиварското село Чајле во иднина ќе може да се користи и во вечерните часови, бидејќи, со финансиска поддршка од локалната самоуправа, беше инсталирано осветлување.

Од Општина Гостивар наведуваат дека поставувањето на рефлекторите е само еден од активностите кон кои се носочени со цел поттикнување на младите да се занимаваат со спортски активности.

– Жителите на село Чајле искажаа задоволство од оваа инвестиција бидејќи отсега овој спортски терен е целосно комплетиран. Тоа значи дека ќе може да се користи и во свежите летни вечери кога младите обично се занимаваат со спортски активности, наведуваат од службата за информирање на Општина Гостивар.

Во овој период, локалните власти ја поддржуваат изградбата на фудбалскиот стадион во селото Балиндол.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар