ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата со порака за Меѓународниот ден на хомофобија, трансфобија и бифобија

Од:

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, по повод 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, кој оваа година ширум светот се одбележува под мотото „Сојузништва за солидарност“, ја изразува својата солидарност со ЛГБТИ луѓето кои преживеале различни видови стигматизација, дискриминација и насилство.

Како што се наведува во соопштението од ИППГ, меѓу нивните партнери кои го одбележуваат овој ден се и пратениците од Интергрупата за правата на ЛГБТИ луѓето во Европскиот Парламент, од кои добиле поддршка и честитки за формирањето на Интерпартиската група за правата на ЛГБТИ луѓето во Собранието на Република Македонија.

– Како пратеници во Европскиот парламент кои се посветени на одбрана и унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во ЕУ и пошироко, среќни сме што и нашите колеги го прават истото. Македонија деновиве испишува историја, со тоа што е првата земја во Западен Балкан која основала ваква група. Ова е силна и многу потребна порака дека ЛГБТИ граѓаните треба да се еднакви со нивните сограѓани во Македонија, се вели во писмото со честитки од ЛГБТИ групата на ЕП.

И покрај остварениот важен напредок за правата на ЛГБТИ лицата, нотиран и во Извештајот на Европската комисија, сепак ЛГБТИ заедницата во Македонија се соочува со сериозни предизвици, се посочува во соопштението.

– Дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ луѓето се уште се присутни и затоа, не само што најостро го осудуваме говорот на омраза, насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ луѓето во Македонија, туку и согласно нашите надлежности, активно работиме за подобрување на законската регулатива. Поднесовме амандмани на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за додавање на сексуална ориентација и родов идентитет како дискриминациски основи со што експлицитно ќе се забрани медиумските услуги да содржат програми кои поттикнуваат или шират дискриминација, нетрпеливост и омраза, се наведува во соопштението.

Нашата цел, додаваат од ИППГ, е преку позитивни промени да овозможиме заштита од говор на омраза, насилство и дискриминација и развој на инклузивно општество што подеднакво го почитува секој поединец без разлика на која било различност, вклучително и различната сексуална ориентација и родов идентитет.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски