(ВИДЕО) Заев на Самитот на ПЕС: Поддршката од ПЕС е од исклучително значење

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија и Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска учествуваше во работата на состанокот на лидери на партии и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), што се одржа во Софија, Р.Бугарија.

На Самитот на ПЕС, на кој учествуваа и премиерот на Грција и Претседател на Сириза Алексис Ципрас, премиерот на Португалија и Претседател на Социјалистичката партија на оваа земја Антонио Коста, Удо Булман, пратеникот во Европскиот Парламент од редовите на Социјалдемократската партија на СР Германија, Џозеф Мускат, Претседател на Лабуристичката партија и премиер на Малта, и Корнелија Нинова, Претседател на Социјалистичката партија, Претседателот на ПЕС и поранешен премиер Сергеј Станишев, посебно го поздрави присуството на премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев, кој беше поканет прв да зборува на Самитот на ПЕС, изрази благодарност за поддршката што доаѓа од лево ориентираните партии членки на ПЕС за Република Македонија, особено во делот на ЕУ и НАТО интеграциите.

На состанокот едногласно беше потврдено дека Република Македонија има силна поддршка од сите партии членки на ПЕС. Тие ветија внимание и ангажман за да се унапредат перспективите на Република Македонија.
Партиите членки на ПЕС кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот Совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска