Комисијата за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, не е распуштена и продолжува со работа, изјави старозагорскиот митрополит Кипријан по информациите дека тоа тело, кое го предводи тој, прекинува со работата.
– Тоа не е точно. Нема такво нешто. Има одлука за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј за тоа прашање за МПЦ-ОА, нагласува митрополитот Кипријан за агенцијата Бгнес.
Комисијата беше формирана откако во писмо од 9 ноември до Бугарската православна црква, МПЦ-ОА побара да биде призната како независна црква и исто така БПЦ да стане црква мајка за МПЦ-ОА.
Во почеткот на оваа година во Софија имаше средба на комисиите на БПЦ и на МПЦ-ОА.