Владата најавува ревитализација на музичката продукција на МРТ

Од:

Информација за потребата од ревитализирање и рестартирање на музичката продукција на Македонската радиотелевизија (МРТВ) е усвоена на вчерашната седница на Владата.

– Целта е македонската музичка продукција да зајакне и да го има сјајот од минатото, а не како во изминатите 10 години преку субвенции да продуцираме неквалитет, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

За подготовка на решението за музичката продукција на МРТ ќе биде ангажирана работна група од Кабинетот на Претседателот на Владата, министерствата за култура, за финансии, за информатичко општество и администрација, МРТ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Оваа работна група е задолжена во рок од 30 дена по нејзиното формирање да подготви анализа на финансиските импликации и актите на МРТ и до Владата да достави информација за анализата со кои институциите ќе треба понатаму да постапат и практично да се спроведе процесот на ревитализација на музичката продукција на МРТ, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада