Општинската администрација на Гостивар за време на месецот на рамазанските пости со работа ќе почнува час и половина подоцна. Одлуката на локалната самоуправа е објавена на влезот од зградата и на веб страницата и ја потврдија од службата за информирање.
Наредниов месец работното време на администрацијата за време на рамазанските пости ќе биде од 9.30 часот до 16 часот. Од службата за информирање со известието напоменаа дека досегашната пракса покажала дека за време на рамазанските пости, обемот на работа е намален и странките доаѓаат подоцна.
„Се известуваат граѓаните, органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, установи и јавни служби, месни заедници, јавни претпријатија, заводи, фондови, невладини организации, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и сите други кои ги користат општинските услуги, дека во согласност со Одлуката бр.09-1009/1 од 15.05.2018 година, за времено распоредување на работното време на Општина Гостивар во текот на месец ,’Рамазан’, – 2018 година, општинската администрација ќе работи од 09.30 до 16.00 часот.
Новото работно време на општинската администрација ќе се спроведува до 14 јуни 2018 година”, известија од службата за информирање на општина Гостивар.