Триесет земјоделци-грантисти учат за менаџирање со агробизнисот

Од:

Триесет земјоделци-грантисти од Струмица и Радовиш, кои добија опрема во вредност од 300 илјади денари за своите проекти, на работилници учат како да менаџираат со агробизнисот во рамките на проектот „Управување со сливот на реката Струмица“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

– Целта е грантистите да стекнат знаења од областа на агробизнисот кои ќе им овозможат да прераснат во успешни менаџери и претприемачи, полесно да најдат купувачи и да ги пласираат произведените култури. Комуникацијата и продажните вештини беа дел од темите со цел на грантистите да им се даде до знаење дека начинот на комуницирање, следење на говорот на телото, квалитетна услуга и прилагодување на желбите на купувачите се клучни фактори за успех во личната продажба, информираат од Центарот за развој на Југоситочниот плански регион

На работилниците биле претставени и предностите на формите на соработка и здружување на земјоделците преку задруги со цел да ги надминат проблемите со пласманот и да станат посилни на пазарот, да ја подобрат својата преговарачка моќ и да го стандардизираат квалитетот на производите.

Фармерите, исто така, добиле и информации за изработка на бизнис план преку кој ќе можат да ги согледаат трошоците за производство, добивката или загубата од продажба на производите и врз основа на тоа да го планираат понатамошното работење.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион сметаат дека преку интерактивност, вежби, дискусија како и преку споделување на личните искуства на фармерите, овие работилници ќе придонесат кон унапредување на продажбата, поголема конкурентност на пазарот и профитабилност.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници