Општина Куманово организира забава за 1.250 матуранти

Од:

Околу 1.250 матуранти годинава во Куманово ќе прослават матура. Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски денеска им се обрати на дел од матурантите во спортската сала во средното училиште „Перо Наков“ и им порача на матурантите од различни етнички заедници од градот, заеднички да ја прослават матурата.

– Живееме во ист град, имаме заедничка визија – убаво, просперитетно Куманово и Македонија. Ќе мора различностите да ги искористиме како предност за градење заедничка иднина, рече Диитриевски.

Тој ги повика младите кумановци да собираат искуства, да се вложат себе си во посакуваната насока, да си постават зацртани цели и да ги реализираат, да ја сакаат државата и градот, да преземат мерки да се постигнат европски цели и квалитет на живот. Тој им се заблагодари на наставниците кои се вложиле за едукација на средношколците.

Димитриевски најави дека во Куманово, наредните денови ќе се одржи и танц за матурантите на градскиот плоштад.

Градоначалникот на Куманово ги покани матурантите на заедничка прослава на 31 мај во дискотека „Спејс“ на традиционална матурска забава која со години наназад ја организира општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра