Сакам договор за спорот за иимето поради иднината на граѓаните, но не можам да кажам дека го имаме. Успехот кој досега е постигнат е за почит, на перифериите на ЕУ самитот на земјите од Западен Балкан со Ципрас ќе можеме барем да ги потврдиме досегашните успеси и да ги повториме насоките за решение, овој самит не е дедлајн, изјави денеска пред медиумите премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека има црвена линија во преговорите со Грција и не би се согласил на решение по секоја цена, па со оглед на тоа решението може да биде одложено за после самитот.
-Самитот на НАТО алијансата се одржува во јули, но тоа не е врзано со правното формализирање на нашето членство. Со постигнување на договор со Грција автоматски започнува влезот во алијасната и ратификација во парламентите. Не прифаќаме решение по секоја цена и имаме црвени линии, па со оглед на тоа решението може да дојде и подоцна, рече Заев.
Премиерот на РМ истакна дека стапил во контакт со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе се обидат уште денеска да одржат средба каде Мицкоски ќе биде информиран за акутелната состојба и позиција за решавањето на спорот со името.
Виктор Јованов