„Спорт да, дрога не“ проект на СВР Куманово во Липково

Од:

Во рамки на проектот „Спорт да, дрога не“ кој го спроведува отсекот за превенција од СВР Куманово со училиштата и општините од североисточниот регион, во спортска сала на ОУ „Фаик Коница“ во село Слупчане, општина Липково се одржа мини турнир во фудбал на кој учествуваа 60-тина ученици од шест основни училишта од Липково, информираа денеска од кумановската полиција.

Турнирот има за цел промовирање на спортските и културни активности помеѓу учениците од основните училишта, наспроти посегнување и злоупотреба на дрога и други психотропни супстанци кои оставаат негативни последици.

– На турнирот учествуваа екипи од сите училишта во машка и женска конкуренција. Турнирот ги поврзува младите и промовира дружење, комуникација и меѓусебна соработка, но и соработка на учениците и полицијата и локалната самоуправа во борба против злоупотреба на дрогата. Екипите беа составени од ученици по случаен избор од различни училишта, чија цел беше преку заедничка игра да се постигне целта победата, без оглед на различноста, соопштија од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Манифестацијата ја подржа и градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи. Кумановската полиција им додели благодарници на учениците и наставниците за учеството во проектот.

Проектот „Спорт да, дрога не“, СВР Куманово го спроведува изминатите десет години во сите општини од североисточниот регион.

Активносите во рамките на овој проект, имаат влијание врз намалување на бројот на наркозависници велат од полицијата. Освен, спортски активности во рамки на проектот се одржуваат и едукативни трибини, предавања, работилници, со целна група ученици од шесто до деветто одделение, а во средно образование вклучени се родители, наставници и на секоја средба надлежните од СВР Куманово укажуваат за последиците од злоупотреба на дрога.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони