Оперскиот пејач Игор Дурловски на 19 мај ќе настапи на Мајски оперски вечери во операта „Турандот“. Ова ќе биде негов прв настап откако е ослободен од притвор.
„После подолг период се враќам на сцената на МОБ, повелете!“, напиша Дурловски на Фејсбук.
На поранешниот директор на МОБ, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година, во ноември лани му беше определена мерка притвор во затворот во Шуто Оризари. По три месеци тој беше пренесен во куќен притвор. Во март, Врховниот суд му го укина притворот.